Владата ги затвори градинките, училиштата и факултетите, забрана и за публика на спортските натпревари

- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека владата ги усвоила на седница препораките кои претходно ги даде Комисијата за заразни болести.

Да се прекине образовниот процес, градинките, основните и средните училишта во следните 14 денови; Да се ослободат вработените од работните обврски во овие институции; За еден родител до 10 годишна возраст на децата ќе се дозволи отсуство од работа кое ќе биде целосно платено во сите јавни и приватни институции; Се забрануваат масови собири и настани во отворен и затворен простор со над 1.000 посетители на територијата на целата земја а се препорачува да се откажат или неорганизираат и настаните и под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена на територијата на целата држава; Се воведува задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од средно и високоризичните држави, изјави Филипче.

- Advertisement -

Министерот соопшти дека денеска нема нови регистрирани заболени а сите 7 досегашни пациенти се во добра состојба и болеста кај нив е манифестирана во лесна клиничка форма.

Сподели!
- Advertisement -