Бразилскиот стоматолог Фелипе Роси патува по светот за да им ја врати самодовербата, здравјето и убавата насмевка на сиромашните луѓе, а за возврат не бара апсолутно ништо. Фелипе ја стартувал хуманитарната организација Porsorriso во 2016 година, а исто така во соработка со својoт тим бесплатно им ги поправа забите на сиромашните луѓе во светот.
Овој бразилски стоматолог смета дека својот живот треба да го посвети на нешто што е добро за општеството. Неговите настојувања да ја исполни смислата на својот живот го одвеле надвор од Бразил, главно во сиромашни земји ко Кенија и Мозамбик, каде што им помага на луѓето да добијат нова насмевка и не им ги наплаќа своите услуги.
Некои од неговите пациенти раскажуваат како не сакале да се фотографираат затоа што не можеле да се насмеат поради забите. Освен етсетски проблеми, некои од нив имале и проблеми со исхраната затоа што не можеле да јадат се. Некои случаи биле толку лоши што морале да им се извадат сите заби и да се вградат нови коски.
Младиот стоматолог им помогнал на многу луѓе, а се надеваме дека ќе продолжи со својата балгородна работа затоа што на светот му се потребни многу луѓе како што е тој.