Најцрн ден на берзите од 2008 година досега – пет компании изгубија 321 милијарда долари за само еден ден

- Advertisement -

Вчера беше најлош ден да американските берзи уште од финансиската криза во 2008 година. Петте највредни технолошки компании во светот изгубија 321,6 милијарди долари од вредноста, а една третина од таа сума ја изгуби само Apple.

Акциите на производителот на iPhone изгубија 7,9% од вредноста. Microsoft, Facebook и Alphabet изгубија повеќе од 6%, а Amazon изгуби 5,3%. Падот на берзата беше поттикнат од ширењето на корона вирусот и падот на цената на нафтата.

- Advertisement -

Саудиска Арабија во текот на викендот ја намали официјалната продажна цена на суровата нафта за април откако еден претходно пропаднаа преговорите на OPEK и Русија. Кога станува збор за големите технолошки компании, инвеститорите ги загрижува падот на економските активности и потрошувачката предизвикана од корона вирусот.

Сподели!
- Advertisement -