Apple повторно ги отвори своите продавници во Кина

- Advertisement -


Apple повторно ги отвори речиси сите свои продавници во Кина откако беа затворени неколку недели поради ширењето на корона вирусот. Овој американски гигант има 42 продавници во Кина, од кои сега отвори 38, а четири останаа затворени. Некои од отворените продавници и понатаму имаат ограничено работно време, пишува CNBC.

Три продавници во Тианџин, главниот град на северозападот во Кина, и продажната локација во Сужу, град западно од Шангај, и понатаму се затворени. Портпарол на Applea не коментираше кои се причините што тие продавници остануваат затворени.

- Advertisement -

Кина е критичен пазар за Apple, па од Apple веќе истакнаа дека нема да ги исполнат очекуваните приходи за мартовскиот квартал од 63 до 67 милијарди долари. На почетокот на февруари Apple привремено ги затвори своите продавници во континентална Кина поради корона вирусот, ко досега одземе повеќе од 4.000 човечки животи во светот.

Од Apple додаваат и дека испораката на iPhone во светот привремено ќе биде ограничена и дека е намалена побарувачката за нивните производи во Кина. Foxonn, партнерот на Apple во Кина кој ги произведува смартфоните, беше принуден да ги затвори фабриките во екот на епидемијата. Минатата недела технолошкиот гигант изјави дека се вратил на 50% од потребниот сезонски капациет и дека очекуваат да се вцратат на целосниот капацитет до крајот на месецот.

Сподели!
- Advertisement -