Лондонски научници нудат 4.500 долари за тестирање на вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Центарот за иновации Queen Mary BioEnterprises од Лондон има финансиска понуда за сите здрави поединци на кои итно им требаат пари. Имено, од центарот бараат доброволци за тестирање на вакцина против корона вирусот, а за тоа се спремни да платат 4.500 долари на секој доброволец. Дали е тоа доволна причина за ризикување. Сигурно не е, но од друга страна, може да помогне во развојот на вакцина за Covid-19.

Тој центар за иновации ќе прими 24 доброволци за студијата и на секој од нив ќе му бидат исплатени 4.500 долари. На доброволците со инјекција во телото ќе им биде вбризган послаб тип на корона вирусот кој се појави во кинескиот град Вухан и оттаму се прошири во целиот свет.

- Advertisement -

Потоа тие се очекува да имаат респираторни тешкотии слични на пациентите заразени со нормалмниот корона вирус. Целта на студијата е симулирање на целиот процес на зараза и појавата на симптоми во контролирани услови, како и тестирање на низа вакцини.

Вакцините за корона вирусот мора да се тестираат на луѓе за да се знае дали имаат ефекти на Covid-19. Британската влада издвои 60 милиони долари за приватната компанија која развива ефикасна вакцина против корона вирусот, како дополнителен мотив за научниците.

- Advertisement -

Најоптимистичните прогнози велат дека вакцината би била готова за отприлика една година, но потоа треба да се тестира и да се одобри, а сето тоа трае доста време.

Сподели!
- Advertisement -