Македонскиот пица мајстор Зоран Јовановски отвори своја Академија за пица во Шведска

- Advertisement -

За сите оние кои можеби не сте слушнале за него, Зоран Јовановски е еден од најдобирте пица мајстори во Европа кој има потекло од Македонија. Тој е човекот кој својот занает и знаење го научил надвор од Македонија, но решил да го пренесе тука и ја отвара најпозната академија за пица мајстори кај нас, Accademia Pizzaioli Macedonia која се наоѓа во Македонска Каменица. За многу кратко време неговата академија стана една од најпрестижните бидејќи нуди знаење кое во иднина би можеле да го искористите за да заработувате.

Accademia Pizzaioli Macedonia е академија која работи со лиценца на првото италијанско училиште за обука на пица мајстори во светот. Досега во неговата академија Зоран има обучено околу 60 пица мајстори за првите 2 години. Покрај луѓе од Македонија, неговата академија ја посетија и луѓе од Србија, Словенија, Австрија, Норвешка и др.

- Advertisement -

Сепак нашиот македонскиот “Доктор за пица“ се реши своето знаење и својата работа да ја прошири и надвор од Македонија. Тој моментално работи на отворање на неговиот нов центар за обучување Accademia Pizzaioli Macedonia во Шведска.

Аccademia Pizzaioli Macedonia е веќе препознатлив бренд не само во Македонија туку и надвор. Иако мојата идеја за отворање на пица училиште во Скандинавија е уште од поодамна. Оваа година со претседателот на Аccademia Pizzaioli г-дин Енрико Фама, договоривме да добијам лиценца да отворам нов центар во Шведска, иако истата ја бараше многу познат шведски пица шеф. Моето искуство, знаење и стаж беа пресудни, со што сум многу горд. Новиот центар ќе биде во Стокхолм во ресторан Бродернас. Обуката ќе биде иста како и кај нас. Значи ќе има основен курс кој трае 5 дена или 40 часа, но ќе има и курсеви за безглутенска пица, наполетана и роман стил пица. Сертификатите ќе се добиваат од Италија и бидејќи има голема побарувачка за пица мајстори секој еден што ќе го посети курсот веднаш ќе може да започне со работа. Замислено е пиците што ќе ги подготвуваат учениците да се продаваат по мимимална цена додека трае курсот. Инаку ќе работиме паралелно и во Македонска Каменица и во Шведска и јас ќе бидам единствениот инструктор од Аccademia Pizzaioli кој има две школи во две различни држави што за мене лично претставува голем успех. Значи секој може да се пријави на курсот и ние не само што професионално ќе го обучиме да работи било каде во светот туку и им даваме поттик на заинтересираните да добијат верба во себе и помагаме за полесно да најдат вработување – изјави Зоран Јовановски.

- Advertisement -

Зоран Јовановски има учевствувано на голем број на меѓународни и интерконтинтални натпревари каде што ја претставувал Македонија и има добиено многу признанија и златни медали. Во наредната 2021 година, Зоран ќе биде судија на Шведскиот пица шампионат.

Покрај академијата за пица мајстор, Јовановски отвори и негова пицерија во Македонска Каменица.

Сподели!
- Advertisement -