Поради корона вирусот откажан и првиот тениски мастерс турнир сезонава

- Advertisement -


Тенискиот турнир во Индиан Велс, кој треба да почне неделава, е откажан поради епидемијата на корона вирусот, соопштија организаторите на првиот мастерс сезонава. Како што наведуваат, одлуката за откажување на турнирот е заснована на упатствата од медицинските работници, центрите за контрола на болеста и властите на Калифорнија.

Разочарани сме што нема да се одржи турнирот, но најбитно е здравјето и безбедноста на локалната заедница, на играчите, волонтерите, вработените и на сите кои се вклучени во настанот“, изjави директорот на турнирот, Томи Хас.

- Advertisement -

Хас додаде дека организаторите се спремни турнирот да се одржи во некој друг термин и дека ќе ги истражат сите можности.

Премногу е голем ризикот по здравјето на настан од оваа големина. Не е во интерес на навивачите, на играчите ниту на соседните области да се одржи. Мора да ги здружиме силите за заедницата да ја заштитиме од епидемијата, велат некои експерти по медицина.

- Advertisement -

Квалификациските мечеви за турнирот требаше да почнат во понеделник. Овој тениски турнир вообичаено привлекува околу половина милион навивачи, а поради популарноста меѓу играчите, се нарекува и петти грен слем во сезоната. Наградниот фонд во Индиан Велс изнесува 17 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -