Кинезите дизајнираа роботска рака за прегледување на заразените со корона вирус

- Advertisement -

Научници од еден од најдобрите кинески универзитети дизајнираа роботска рака за која тврдат дека може да спасува животи во екот на епидемијата на корона вирусот. Машината се состои од роботизирана рака на тркала која може да врши ултразвучен преглед, да зема брисови од уста и да слуша звуци кои ги прават органите на пациентите, при што обично се користи стетоскоп.

Тие задачи главно ги вршат лекари, но со помош од ваков робот опремен со камери медицинскиот персонал нема да мора да биде во иста просторија со пациентите. Може дури и да прегледуваат од друг град.

- Advertisement -

Докторите се многу храбри, но овој вирус едноставно е премногу заразен, вели главниот дизајнер на роботот, професорот Женг Гангти, кој работи на Универзитетот Цингуа и додава дека роботската рака може да се користи и за најопасни задачи.

Идејата за роботот ја добил додека ја прославувал Лунарната нова година, кога Вухан бил под карантин, а бројот на заразени и починати секојдневно растел. Женг сакал да придонесе во напорите да им се даде соодветна помош на сите на кои им е потребно.

- Advertisement -

Роботската рака е целосно автоматизирана и може да се дезинфицира после прегледувањето пациенти, но докторите велат дека е подобро да се користи што помалку автоматизација затоа што присуството на докторите ги смирува и ги теши пациентите.

Моментално има две вакви роботски раце, од кои едната уште е во универзитетската лабораторија, а другата е во болница во Вухан, каде што докторите вчера почнаа да се обучуваат за да ја користат. Ако се оди според планот, роботите ќе почнат да се користат за прегледување пациенти веќе од недела. Изработката на еден ваков робот чини 72.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -