„Пакомак“ и Балкан Еко Институт ќе изберат најеколошка општина за 2019 година

- Advertisement -

Компанијата „Пакомак“, во соработка со невладината организација Балкан Еко Институт, распиша конкурс за избор на најеколошка општина за 2019 година. Сите општини во земјава апликацијата за учество во конкурсот можат да ја пополнат и да ја испратат до крајот на април. Изборот на најзелената општина за 2019 година ќе се изврши во текот на месецот мај.

Од „Пакомак“ и од Балкан Еко Институт апелираат сите градоначалници да ги пријават своите општини на новиот конкурс. Критериумите кои ќе треба да се исполнат се однесуваат на инвестициите на општините во систем за третман и селекција на отпадот, во засадување на дрвја и нови зелени површини, реализација на проекти во областа на енергетската ефикасност, а еден од важните е висината на буџетот за екологија, според бројот на жители на општината.

- Advertisement -

„Ги повикуваме општините и нивните градоначалници кои во текот на минатата година биле посветени на реализацијата на еколошките проекти и работеле активно на справување со проблемите кои ја засегнуваат животната средина, да ја пополнат апликацијата. Проблемите поврзани со загадувањето на воздухот, третманот на отпадот, водите и почвата не засегнуваат сите, заради што мораме постојано и активно да се посветиме на нивно решавање. ‘Пакомак’, како општествено одговорна компанија, има цел да ги мотивира и наградува сите кои овие обврски ги извршуваат сериозно“, велат во компанијата. Најзелената општина ќе биде наградена со детско игралиште, направено од еколошки и рециклирани материјали.

Конкурсот е веќе отворен за аплицирање, а последниот рок е 30 април 2020 година до 23:59 часот. Пријавата треба да се достави во електронска форма на е-маил: i.brdaroski@pakomak.com.mk. Апликацијата за пријавување може да се преземе од веб страната www.pakomak.com.mk.

- Advertisement -

Конкурсот избор на најеколошка општина се распишува по вторпат, а на првиот, во 2018 година победи Општината Прилеп, на второто место беше општината Кавадарци, а третото место го поделија скопските општини Карпош и Центар.

Сподели!
- Advertisement -