САД воведе 30-дневна забрана за сите летови од Европа

- Advertisement -

Забраната стапува во сила од утре и ќе трае 30 денови. Одредбата ги опфаќа сите европски земји освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави привремена забрана за сите летови од континентална Европа во САД, освен од Велика Британија, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

- Advertisement -

Претседателот се обрати синоќа во живо од својот кабинет и претстави низа мерки за справување со економските последици од вирусот, како намален данок на доход за американските даночни обврзници.

Забраната стапува во сила од утре и ќе трае 30 денови. Одредбата ги опфаќа сите европски земји освен Велика Британија, а не важи за американските граѓани и оние со постојан престој во САД.

- Advertisement -

Трамп се обрати откако вчера тргувањата на берзите повторно се намалија, додека кошаркарската колеџ и професионалната НБА лига ги откажаа планираните турнири и игри за оваа сезони, менувајќи ги навиките на голем дел од американската популација.

Школи и универзитети преминуваат на онлајн курсеви, компаниите ги затвораат своите канцеларии, театарско-концертни сали и спортски стадиони не примаат посетители, од претпазливост да не избувне епидемија слична на онаа во Италија и во други земји на ЕУ.

- Advertisement -

-Европската Унија не успеа да воведе такви мерки на претпазливост (како САД) и да забрани патувања од Кина и другите жешки точки, изјави Трамп.

Додаде дека тоа било причина за појавување на нови жаришта на болеста во САД. Тој не даде објаснување и потврда.

Истовремено, и Пентагон најави забрана за патувања на својот воен и цивилен персонал во рок од 30 денови а кон такви дестинации како Јужна Кореја, Италија, Иран и Кина.

Властите во сојузните држави Вашингтон, Кентаки и Охајо размислуваат да воведат забрана за собири. Градоначалникот на Сан Франциско пак, објави забрана за собирање на групи поголеми од илјада луѓе. Додека во Њујорк синоќа ја откажаа огромната парада посветена на денот Свети Патрик, еден од најомилените празници на Американците, кога маршираат над 150 илјади учесници а доаѓаат повеќе од милион гледачи.

Главниот санитарен лекар на САД, Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и инфективни заболувања, на сослушување пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом синоќа предупреди дека вирусот ќе продолжи да се шири низ САД, и порача љубителите на спортски настани да не се собираат во толпи на едно место, како на пример на НБА кошаркарски натревари.

Во САД од корона досега заболеа околу 1.300 лица, а 38 лица починаа.

Сподели!
- Advertisement -