Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа во Чешиново

- Advertisement -

„Оризова братимка“:

13/03/2020 – 9:57ВЕСТИГРАЃАНИ

Пристигна парот штркови во најголемото штрково гнездо во Европа, кое се наоѓа на Задружниот дом во Чешиново, соопшти Здружението „Оризова братимка“.

- Advertisement -

Од таму соопштуваат дека е пристигнат и штркот во гнездото број 3.

„Белиот штрк е симбол на зачуваните природни станишта и неговата присутност во нашата близина е потврда дека живееме во здрава околина“, велат од Здружението.

- Advertisement -

Инаку „Оризова братимка“, кое е и кооператива што на иновативен начин произведува био смарт ориз, лани во јуни вршеше пребројување на штрковите гнезда во Чешиново. Вкупно изброија 21 гнездо, кои се наоѓаат на кровови на куќи, Задружениот дом и бандери.

Сподели!
- Advertisement -