Бeсплатен пристап до премиум услугите на JetMinds македонската платформа за учење математика

- Advertisement -

Прва македонска интернет едукативна платформа за онлајн учење

Во согласнот со препораките и Одлуката на Владата на Р.С.Македонија во врска со вирусот Ковид-19 и затворањето на вратите на образовните институции и училиштата, како општествено одговорно компанијата Сигмоид ДОО донесе одлука да овозможи БЕСПЛАТЕН пристап до Премиум услугите од платформата за учење математика JetMinds.org за сите корисници во текот на месец март 2020г.

Платформата е достапна на македонски јазик со предметот математика и наскоро истата ќе биде достапна и со други предмети со фокус на оние кои се најпроблематични за учениците. Нашата цел е со JetMinds да инспирираме љубов кон учењето и сме задоволни што нудиме едукативна платформа која ги ангажира децата академски и на забавен начин.

Технологијата која е вградена во платформата е базирана на применета вештачка интелигенција. Истата овозможува JetMinds да препорача лекции кои треба да ги совлада ученикот за да го намали јазот помеѓу материјата која ја учи тековно и она што му е недостаток во знаењето од претходно.

Учеството на родителите е клучна компонента на искуството на децата на JetMinds. Родителите може да се вклучат во активности за учење со своето дете и како дел од Премиум бенефитите може да го видат прецизно напредокот на нивното дете во совладување на материјата.

Тимот на Сигмоид работи на платформата JetMinds од 2017 година. Оваа инвестиција е поддржана со грант од Фондот за иновации и технолошки развој.

Платформата е достапна на jetminds.org.

JetMinds: најдобриот начин да учиш математика

Не си сѐ уште на JetMinds?Регистирај се БЕСПЛАТНО на https://jetminds.org/JetMinds е македонски производ кој со технологија од 21 век те води до подобра оценка по математика 🚀Во овој краток преглед на платформата ќе видиш:➡️ Видео лекции кои ја пратат државната програма➡️ Голем број на задачи и усовршување на материјата преку игра➡️ Вештачка интелигенција за детектирање пропусти во знаењето➡️ Аналитика за детален преглед колку си учел и научилУчи кога сакаш, каде и да си. #JetMinds #MatematikaZaSite

Posted by JetMinds on Недела, 09 февруари 2020
Сподели!
- Advertisement -