Додека светот се бори со корона вирусот, а научниците напорно работат на тоа што побрзо да направат или да тестираат вакцина која би го спречила ширењето на епидемијата, Amazon веќе некое време размислуваат за развој на вакцина за настинка. Станува збор за таен долгогодишен проект за кој анонимно проговорија три личности запознаени со проектот Gesundheit. Проектот е дел од посебен оддел за истражување и развој Grand Challenge, кој беше дел од cloud одделот на Amazon и во кој спаѓаат инженерите и научниците.
Иако тие ја развиваат вакцината, исто така истражуваат различни пристапи на проблемот. Настинката главно ја предизвикуваат риновируси, а со оглед на тоа дека постојат повеќе од 160 видови од тие вируси, јасно е зошто е голем предизвик пронаоѓањето единствен лек за сите видови настинка.
Општо прифатено мислење е дека поради големиот број риновируси, невозможно е да се пронајде вакцина за настинка. Дури и ако се најде некој лек или вакцина кои би биле ефикасни, тој тип на вируси би се развил отпорност на нив. Дел од експертите сепак веруваат дека постои можност за пронаѓање лекови, но ако се сака да се оствари профит на пазарот, тие би требало да бидат многу ефикасни.
Уште еден проблем се однесува на нуспојавите затоа што таквиот лек треба да нема никакви нуспојави на здравјето на луѓето. Со оглед на тоа дека настинката трае недела-две, некакви нуспојави би можеле да траат подолго и да имаат повеќе последици од самата настинка.
Иако на прв поглед се чини дека последиците не се големи, податоците од почетокот на овој милениум велат дека настинката ја чини американската економија чини 40 милијарди долари годишно затоа што поради настинка луѓето мора да губат време за одење на доктор и се помалку продуктивни. Исто така, настинката во Анерика е голема причина за изостанување од училиште.
Од Amazon не ги коментираат информациите за тој проект, па моментално е невозможно да се знае каков напредок е постигнат со вакцината против настинка и колку сме далеку од првите тестирања со кои би се решил тој проблем.