Се затвораат дел од копнените граници и аеродромот во Охрид, нагласи министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес-конференција. На седницата на Влада е донесена одлука целосно да се затворат кафулињата, рестораните, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници. Се затвораат и сите продавници во шопинг моловите на територијата на Република Северна Македонија, освен супер маркетите, продавниците за храна и аптеките.
„Се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија, освен „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“ и „Блаце“ кои ќе бидат отворени за премин на патници и возила. Да прекине со работа аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид, односно да се затвори граничниот премин во него по 48 часа од донесување на одлуката. Да се забрани влез во Релублика Северна Македонија за странски државјани и од земјите со среден ризик, како дополнување на забраната за влез на странски државјани од земјите со визок ризик, согласно листата на Светската здравствена организација“, истакна Филипче.
Ќе се пуштаат само оние лица за кои МВР ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои постои посебен државен или економски интерес и тие ќе влезат во земјава под посебни условби и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.