Renault Morphoz, првиот автомобил во светот кој е способен за метаморфоза

- Advertisement -

Reanult дизајнираше електричен концепт на автомобил кој физички може да се продолжи и да се зголеми во зависност од потребите на корисникот. Автомобилот се вика Mоrphoz и има тело кое може да се издолжи и да се менува од краток автомобил за градско возење до долга верзија за патување.

Освен тоа што има целосно електричен батериски систем, автомобилот има три нивоа на автономно возење и паметен систем кој се напојува со вештачка интелигенција и овозможува возилото да го препознае возачот кога ќе му се приближи.

- Advertisement -

Morphoz требаше да биде презентиран на годинашниот саем за автомобили Geneva Motor Show, кој требаше да почне на 3 март, но беше откажан поради забраната за собирање поголеми групи луѓе поради епидемијата на корона вирусот.

Градската верзија на автомобилот е долга 4,4 метри и работи на батерија од 40 kWh, со досег од околу 470 км. Верзијата за подолги патувања се издолжува на 4,8 метри и отвора поголем простор внатре за нозете и за два куфери. За подолги патувања на батеријата од 40 kWh може да се додаде батерија од 50 kWh.

- Advertisement -

Renault unveils its MORPHOZ concept car

This car can transform to fit all uses – short city travel or longer journeys.

Posted by Startup Selfie on Среда, 04 март 2020
Сподели!
- Advertisement -