Данската влада планира да финансира 75% од пластите на работниците во приватниот сектор чии работни места може да бидат загрозени во кризата предизвикана од корона вирусот ако работодавците ветат дека нема да ги отпуштаат.
Данската премиерка Мете Фредериксен го претстави планот договорен со претставници на работодавците и синдикатите. Таа изјави дека владата разбира дека би можела да се јави потреба да испраќање на работниците дома поради немање работа, но апелираше до работодавците да не ги отпуштаат.
Планот се однесува на периодот од 9 март до 9 април, а максималните субвенции ќе изнесуваат 3.067 евра месечно. Компаниите ќе мора да ги платат останатите 25% од платите на работниците.
Работниците за возврат ќе мора да земат пет дена задолжителен годишен одмор или пет слободни дена. Со оваа мерка ќе им се помогне на десетици илјади компании, од кои многу се во очајна ситуација.