Стапи на сила Договорот на ОН за заштита на отвореното море, со кој за прв пат се воспоставува меѓународна правна рамка за одржливо користење на отвореното море и заштита на неговата биолошка разновидност, а до денес е ратификуван од над 80 земји.
Доховорот предвидува можност за воспоставување морски заштитени подрачја, обврска за спроведување проценки на влијанието врз животната средина пред планирање активности на отвореното море, како и правила за правична употреба на морските генетски ресурси, што е, меѓу другото, важно за развојот на лековите.
Целта на диговотот е да придонесе кон глобалниот план 30% од копнените и морските површини да бидат под заштита на природата до 2030 година, што беше договорено од земјите-членки на ОН во 2022 година во Канада.
Идејата за правно обврзувачки договор за заштита на отвореното море се појави пред повеќе од 20 години, а во 2003 година ОН се согласи за името Договор за морска биолошка разновидност надвор од националната јурисдикција.
Експертите истакнуваат дека отвореното море е исклучително важен и чувствителен екосистем, но и клучен фактор во регулирањето на климата поради морските струи и способноста за апсорпција на јаглерод диоксид.
Иако преговорите за договорот траеја две децении, неговата ратификација беше потврдена за краток временски период од повеќе од 60 земји, што беше услов за негово стапување во сила, а до денес, повеќе од 80 земји го ратификуваа.
Експертите предупредуваат дека успехот на договорот ќе зависи од конкретните одлуки на државите потписнички, нивната соработка со меѓународните организации кои го регулираат превозот, рибарството и длабокоморското рударство, како и од степенот до кој правилата ќе се применуваат во пракса.
Отвореното море опфаќа морски области оддалечени повеќе од 200 наутички милји од брегот и сочинуваат речиси две третини од светските океани, но досега нема општо прифатена правна основа за воспоставување меѓународни заштитени подрачја во овие области.
(Klix.ba)
























