Француската групација за луксузна стока LVMH ќе почне да произведува дезинфекциски средства за раце во три фабрики за парфеми и козметика за да им помогне на француските болници кои се борат против епидемијата на корона вирусот во земјата.
Дванаесет тони ќе бидат произведени неделава наместо вообичаените Christian Dior, Guerlain и Givenchy мириси и шминки, кои инаку се произведуваат во три француски погони. Компанијата поседува повеќе брендови, вклучувајќи ги Louis Vuitton, Tiffany и Moet & Chandon.
Гелот ќе биде испораќан бесплатно до француските здравствени власти, посебно за 39 јавни болници во Париз. Француската влада изминатите денови упати остри предупредувања до некои трговци кои неразумно ги дигнаа цените на производите за дезинфекција. Многу компании производители со денови зборуваат дека се обидуваат да ангажираат дополнителна работна сила за да одговорат на растечката побарувачка за тие производи.