Во ексклузивно партнерство со Startup Wise Guys, Сеавус Акцелераторот официјално ја започна втората акцелераторска програма

- Advertisement -

Сеавус Акцелераторот подржан од Фондот за иновации и технолошки развој и во соработка со  Европскиот Фонд За Југоисточна Европа и Startup Wise Guys (eден од водечките Б2Б  акцелератори во Европа), минатата недела со настан во Скопје, официјално го започна вториот циклус на својата акцелераторска програма.

Активни учесници во овогодинешната програма на Сеавус Акцелераторот ќе бидат осум иновативни стартапи меѓу кои Stornest, AirCare, Challanger, Omni Delivery, InRoom Preview, Dark-1, GetOut и SpaceUP.

На интерактивна платформа преку предавања и индивидуални менторски сесии Сеавус Акцелератор и нивните партнери Startup Wise Guys и Entrepreneurship Academy (поддржано од EFSE) ќе реализираат најголем дел од Tech Boost Програмата, а таа подоцна ќе биде надополнета со индивидуален плам (Tailor made) за секој стартап според специфичните потреби.

- Advertisement -

Од Сеавус велат дека планот беше програмата делумно да се  одвива ONLINE и пред новонастаната ситуација со COVID-19, а во оваа ситуација таа на стартапите им нуди целосна алтернатива за надминување и на овој предизвик, но и подготовка за дигиталната ера во која сите, а особено новите бизниси, треба брзо да се прилагодуваме.

По завршувањето на програмата стартапите ќе имаат прилика да ги презентираат своите решенија во две прилики, пред инвестицискиот одбор на Сеавус Акцелераторот (со можност да бидат одбрани за инвестиција од 30.000 – 100.000 евра) и на региналниот Демо ден на PODIM (со можност да се претстават пред пошироката јавност и пред инвеститори и коорпорации од целиот свет).

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -