Франција ја ограничи продажбата на лекови базирани на парацетамол бидејќи е доведено во прашање снабдувањето поради паничното купување на граѓаните во страв од заразата со корона вирусот.
Во случајот со заразата со корона вирусот, лековите базирани на парацетамол ги ублажуваат болките и температурата, но граѓаните не би требало без голема потреба да купуваат големи количини, порача Агенцијата за лекови ANSM.
За да ја загарантираат достапноста, аптеките смеат да продаваат најмногу една кутија парацетамол (500 милиграми или 1 грам) на луѓето кои немаат симптоми на заразата со корона вирусот и најмногу две кутии на оние кои имаат симптоми, одлучи Aгенцијата.
Интернет-продажбата на лекови кои се базираат на парацетамол, ибупрофен и аапирин привремено е стопирана. Во случај на зараза, парацетамолот е подобар лек од лековите против воспаление како ибупрофенот, кои можат да ја замаскираат заразата и потенцијално да ја влошат состојбата на пациентот, советува Aгенцијата.
Ако се користи працвилно, парацетамолот е безбеден и ефикасен лек, велат од ANSM, но предупредуваат дека прекумерната доза може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб. Парацетамолот е меѓу најчесто користените аналгетици во светот, а се продава под различни имиња на брендови.