Прогласен најпродаваниот електричен автомобил за 2021

- Advertisement -

И покрај значителниот раст на продажбата, електричниот адут на Volkswagen не успеа да стигне до водечката позиција.

Според последните податоци, најпродаваниот електричен модел во Европа доаѓа од Tesla Motors. Станува збор за Model 3, кој бележи годишен раст на продажбата од дури 84% и со продадени 113.397 единици во првите 11 месеци од оваа година е далеку пред второ пласираниот. А тоа е VW ID.3, кој забележа раст на продажбата од 125% и вкупно 63.109 продадени единици.

Да потсетиме, Model 3 во септември бил најпродаваниот модел во Европа во севкупната конкуренција. Сега друг модел на Tesla би можел да ја преземе улогата на знаменосец. Имено, Model Y успеал да ги престигне Volkswagen ID.3 и ID.4 во ноември и има уште две важни пречки, а тоа се Renault Zoe и Dacia Spring. Очигледно, Tesla Motors ќе достигне пазарен удел од 2% на западноевропскиот пазар и ќе се позиционира над Jaguar Land Rover.

- Advertisement -

Матијас Шмит, автор на извештајот за продажба на електрични возила во Европа, изјави за Auto News дека по сите пазарни шокови и недостиг на полупроводници, продажбата на електрични автомобили во Западна Европа ќе достигне дури 11%, додека само Tesla Motors ќе ја заврши годината со околу 170.000 продадени примероци во Европа. Volkswagen се уште го има главниот збор во продажбата на електрични возила, со околу 300.000 продадени електрични возила во Европа. Стелантис ќе биде трет, додека Renault Nissan Group ќе го заземе четвртото место. Во исто време, Dacia Spring забележа голем пораст со продажбата во ноември која беше подобра од гореспоменатиот Tesla Model Y.

Извор – Канал 5

Сподели!
- Advertisement -