Велика Британија ќе се бори со корона вирусот така што ќе зарази што повеќе млади луѓе

- Advertisement -

Имунитетот на стадото е термин од имунологијата кој често се користи кај правењето вакцини и вакцинирањето. Додека членките на Европската унија водат борба против корона вирусот применувајќи мерки како масовно тестирање, следење на контактите со заразените, формирање карантин, затворање градински и училишта, Велика Британија размислува за друга стратегија.

Во суштина, идејата на британскиот план е во што пократок период што повеќе млади луѓе да зарази со корона вирусот и така да се стекне „имунитетот на стадото“.

- Advertisement -

Имунитетот на стадото е термин од имунологијата кој често се користи кај правењето на вакцини и вакцинирањето. На пример, кога вакцинацијата против некоја болест е околу 95% се вели дека е постигнат имунитет на стадото затоа што тие вакцинирани деца не ја пренесуваат болеста и со тоа ги штитат оние кои од здравствени причини не можат да се вакцинираат.

За во случај на корона вирусот да се постигне имунитет на стадото околу 60% од жителите треба да се разболат и да станат умуни, велат од Велика Британија. Со други зборови, за постигнување на имунитет на стадото околу 40 милиони Британци мора да заболат од КОВИД 19.

- Advertisement -

Но, проблемот е во тоа што дел од тие луѓе ќе мора да умрат. Дури и стапката на смртност кај популацијата да биде околу 1% (што е многу помалку од моменталната смртност од корона вирусот – според Светската здравствена организација е 3,4%), во текот на наредните месеци во Велика Британија би умреле околу 400.000 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -