Неколку текстилни фабрики од Прилеп започнаа да шијат заштитни маски

- Advertisement -

Компаните „Gifty текст“, „STAN MK“, „Кули“ и „Фешн линк“ од Прилеп доброволно се вклучуваат во борбата против корона вирусот со бесплатно шиење на заштитни маски, пренесе порталот www.infokompas.com.mk.

Филип Миленкоски, раководител на „Gifty текст“ изјави дека започнало првичното производство на маски кои веќе пратени на стерилизација во прилепската болница. Mаскитњ на почетокот ќе бидат произведувании само за јавните институции и здравствениите работници во Прилеп, затоа што немаат таков капацитет да произведуваат и за останатите граѓани. Тие веќе имале средба со локалната самоуправа на Прилеп од каде добиле голема поддршка. Трошоците за работна рака ќе бидат комплетно на товар на компаниите.

- Advertisement -

И од компанијата „Daniel Kristensen“ од Кочани се огласија преку социјалните мрежи дека одлучиле како општествено одговорна компанија да изработат заштитни маски кои бесплатно ќе им бидат поделени на граѓаните кои не успеале досега да ги обезбедат, како и на вработените во Општа Болница и Министерството за внатрешни работи кои се први на удар во одбрана на здравјето и сигурноста на граѓаните.

Сподели!
- Advertisement -