Семос Едукација воведува виртуелни училници за online учење и организира бесплатна online обука за наставници

- Advertisement -


Семос Едукација овие денови ги отвори своите виртуелни училници за сите слушатели низ цела Македонија за online учење без граници. Во своето 25-годишно искуство како едукативен центар кој нуди повеќе од 300 различни професионални курсеви и повеќегодишно искуство во спроведување на online обуки Семос Едукација се прилагодува на новонастаната ситуација и интензивно инвестира во инфраструктура која може да обезбеди непречено одвивање на online настава преку своите виртуелни училници.

Online учењето го прави знаењето многу подостапно, отворајќи одлични можности за побрза и полесна работа, како и за усовршување на посакуваните вештини.
Виртуелните училници се современ метод на учење, особено развиен во областа на информатичката технологија.

- Advertisement -

„Свесни сме за ситуацијата, постојано ја следиме состојбата со корона вирусот (COVID-19), и сакаме да ги заштитиме нашите слушатели. За таа цел нудиме можност сите граѓани од целата земја да добијат online пристап до знаење и сертификација која ќе им помогне во нивниот професионален развој.
Континуирано работиме на квалитетот на спроведување на обуките. Неодамна спроведовме обуки за нашите тренери и вработени. Семос Едукација само за една недела има спроведено обука за над 360 слушатели во виртуелните училници.”
– велат од компанијата.

Истовремено, Семос Едукација, како општествено одговорна компанија, ќе организира бесплатна online обука за 1.250 наставници од основно и средно образование за користење на алатки кои ќе им помогнат во реализација на нивната online настава.

- Advertisement -

„Во очекување сме на насоки од МОН за понатамошна реализација на овој проект. Предвидено е од секое училиште да бидат обучени по двајца наставници кои понатаму ќе ги обучат своите колеги за спроведување на online настава. За таа цел формиран е и проектен тим од Семос Едукација предводен од Наташа Ристеска Тодоровска, Валентина Тасева и Марко Серафимовски. Тимот забрзано работи на креирање на наставна програма за која веќе имаме спремни 5 модули“ велат од Семос.

„Ќе го споделиме како своето искуство за online настава, така и своите знаења за соодветните алатки кои можат да се користат во наставата. На тој начин се надеваме дека ќе им помогнеме и на наставниците и на учениците и ќе дадеме придонес кон квалитетна реализација на една од најважните општествени активности – воспитно образовниот процес” изјави Наташа Ристеска Тодоровска, проектен менаџер.

- Advertisement -

„Голема благодарност до нашите тренери кои се членови на тимот: Бобан Крстев, Василија Узунова, Ивана Мирчевска и Марко Јовановиќ за споделеното знаење и искуство и учество во креирање на оваа програма која ќе овозможи непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта ширум Македонија“ додаваат од компанијата.

Семос Едукација додаде уште една порака: „Останете дома, почитувајте ги мерките на владата, дигитализирајте се и своите активности префрлете ги во виртуелниот свет. Ви стоиме на располагање за сите прашања поврзани со дигитализација, online функционирање и online обуките. Семос Едукација стои на располагање на јавноста за сите прашања.

Сподели!
- Advertisement -