Огласите за REMOTE позиции на Laika ќе бидат бесплатни еден месец

- Advertisement -

Почнувајќи од денес, огласите за REMOTE позиции на Laika ќе бидат бесплатни во текот на еден месец.

🔴Сите компании се поканети да објавуваат remote огласи за: софтверски инженеринг, ИТ, Data Science, дизајн, маркетинг, продажба, човечки ресурси и развој, поддршка на корисници, проектен менаџмент.

- Advertisement -

🔴Сите баратели на работа се поканети да се приклучат на Laika и да добиваат нотификации за remote работни позиции.

Ќе биде наша обврска да се пренасочиме кон повеќе remote позиции и да донесеме што повеќе можности за работа на нашата заедница. Нашиот тим ќе работи неуморно во контактирањето на компании кои ќе бараат нови вработени бесплатно.

- Advertisement -

Во изминативе неколку недели, светот се обидува да се прилагоди на новите услови. Целата ИТ индустрија, но и други бизниси, се свртеа кон работа од дома. Предизвикувачко време е, но не смееме да дозволиме нашиот прогрес да застане. Светот и понатаму се врти и мора да мислиме на напредок повеќе од кога и да било. Да се фокусираме на доброто и да размислиме за нашите животи и работа, откако сето ова заврши.

Сите се прилагодуваме и правиме сѐ што можеме. Компаниите кои беа во процес на вработување мора да смислат нова стратегија за да не го одложат својот сопствен раст поради ова.

- Advertisement -

Многу компании ќе мора да ги пренаменат буџетите, и ќе бидат потребни повеќе вработени во периодот кој следува. Ако сакаме да го препливаме ова, ќе мора да работиме заедно.

Сакаме да придонесеме на заедницата како што можеме. Затоа, за да им помогнеме на ИТ професионалците од Балканот и на компаниите на кои им треба поддршка, од денес сите огласи за remote работни позиции на нашата платформа ќе бидат бесплатни во наредниот месец.

Ќе бидеме пресреќни доколку нашиот придонес им помогне на сопствениците на бизниси и барателите на работа. Чест ни е да бидеме дел од заедница која прави многу да ја задржи оваа криза под контрола.

Се надеваме дека откако ова ќе заврши, ќе имаме поголема, посилна заедница, и многу среќни ИТ професионалци кои нашле работа на нашата платформа.

Доколку имате прашања, контактирајте не на hello@wearelaika.com, или посетете нѐ на https://www.wearelaika.com/start-hiring.

Сподели!
- Advertisement -