По иницијатива на дизајн сцената се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници

- Advertisement -

По иницијатива на дизајн сцената, доктори и сопственици на 3D принтери, почнаа да се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници испринтани на 3D принтери. Несебичната поддршка на граѓаните иницираше facebook група во која членуваат доктори, дизајнери, приватни сопственици на 3D принтери, компании кои се занимаваат со ваква дејност и лица кои се пријавија за волонтери, за што побрзо маските да се дистрибуираат до засегнатите клиники.

“Вчера вечер дефиниравме дизајн кој е лесен за употреба и 3D принтање и кој исто така како производ ги задоволува стандардите на медицинските употреби, а материјалот е соодветен да издржи и стерилизација пред употреба”, посочи еден од дизајнерите.

- Advertisement -

Уште утре ќе бидат доставени првите примероци во Градската Општа Болница “8-ми септември” каде ќе бидат стерилизирани со цел да можат да се распоредат онаму каде што се неопходни, на оние кои се први изложени на удар од корона вирусот.

Оваа група на пред се хумани луѓе нема да застане овде. Продолжуваат деноноќно со работа за да се снабдат сите медицински установи низ републиката, паралелно развивајќи модели на разни конектори и елементи за медицинска опрема која може да стане дефицитарна, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри и нема да имаат потреба да ги произведуваат.

- Advertisement -

Ги замолуваме сите кои сакаат да помогнат во донација на материјали, финансиски донации или пак кои имаат идеја како најбрзо да се снабдат медицинските работници со заштитни маски да се приклучат на иницијативата на facebook групата.

Сподели!
- Advertisement -