Ратите за кредитите се одложуваат на три месеци

- Advertisement -

Граѓаните и компаниите кои имаат кредит во банка ќе може да ги одложат ратите за најмалку три месеци, додека некои банки размислувале одложувањето да биде и за шест месеци. Уредбата треба да помине најверојатно на утрешната владина седница, по што ќе се знаат сите детали за постапката. По критиките во јавноста дека Владата не го следи примерот на другите земји кои веднаш воведоа мораториум за плаќањата на обврските на граѓаните и компаниите, Ангеловска вели морале да смислат системско одржливо решение дури и во вонредни услови.

Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести својот клиент за поповолните услови односно одлагањето на обврските. И доколку физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе, односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда за репрограм односно за одлагање, се смета за прифатена“, изјави министерката за финансии Нина Aнгеловска.

- Advertisement -

Ликвидноста во буџетот и стопанството, како и секое работно место Владата ќе го штити со заем од околу 600 милиони евра. Ќе се задолжиме со 400 милиони евра кај странски банки, во вид на таканаречен заем пред обврзница. Парите ќе се вратат откако ќе се издаде еврообврзница, планирана на околу 500 милиони евра. Од ММФ ќе се повлечат 87 милиони, а од Светска банка ќе се бараат 100 милиони евра.

Очекуваме најголемите ефекти од Корона кризата да се почувствуваат во вториот квартал, односно тоа црно сценарио кое што го зборуваме, за кое што е важно дека сме подготвени е драстично намалување на даночните приходи во услови на рестрикции за заштита на здравјето во услови на намалена економска активност. Согласно тоа овој шок очекуваме дека ќе биде најголем во вториот квартал од годината“, рече Ангеловска.

Сподели!
- Advertisement -