Oд полноќ нови цени на горивата

- Advertisement -

Од полноќ цените на горивата поевтинуваат во просек за 9,18%, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, кој стапува во сила од полноќ, бензинот Супер-95 поевтинува за 5,00 денари и ќе се продава по цена од 49,50 денари. Супер-98 поевтинува за 4,50 денари и ќе се продава по цена од 52,00 денари, а дизелот ќе биде поевтин за 3,00 денари и ќе се точи за 45,50 денари по литар.

- Advertisement -

„Ова се моменти кои во историјата на тргувањето со нафтените деривати не се паметат. Нарушениот баланс на понудата и побарувачката поради пандемијата со Ковит 19 донесе силни намалувања на цените и кај нас. Континуираното темпото на  силен тренд на намалување на нафтените деривати е рекордно од кога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има надлежност да утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати. Со денешната одлука повторно драстично ги намаливме цените на нафтените деривати што е потврда дека Методологијата по која се формираат цените на нафтените деривати ги штити интересите на потрошувачите.  Сакам да потенцирам дека единствено Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е надлежна за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и за истите секој понеделник носи одлука. Сериозно ќе ги разгледаме можностите за одговорност на лицата кои од позиции во институциите шират шпекулации на цените на нафтените деривати пред официјално да се објават. Упатам апел во оваа вонредна состојба сите да сме одговорни. Секоја шпекулација може да се одрази врз  економските текови кои се хипер сензитивни во овој период.“ посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

Сподели!
- Advertisement -