Јаглерод диоксидот е поопасен од корона вирусот

- Advertisement -

Неодамнешните податоци укажуваат на тоа дека падот на загадувањето на воздухто над северна Италија се совпаѓа со националната блокада за спречување на ширењето на корона вирусот. Европската вселенска агенција објави нова мапа на која се гледаат разликите во нивото на јаглерод диоксидот благодарение на инструментот Тropomi на сателитот Copernicus Sentinel-5P.

Кога од кинеската провинција Хубеи на крајот на 2019 година стигнаа вестите за корона вирусот, преземени се строги мерки за заштита. Како резултат на тоа, кон крајот на декември минатата година фабриките беа затворени, а улиците испразнети затоа што кинеските власти прекинаа секојдневни активности за да го спречат ширењето на вирусот.

- Advertisement -

Тоа доведе до драматично намалување на емисијата на јаглерод диоксид кој се ослободува од електраните, индустријата и од возилата во сите главни кинески градови од крајот на јазнуари до крајот на февруари. Падот на емисијата се совпадна и со Лунарната нова година, која обично предизвикува сличен пад на емисијата секоја година.

Службата за надгледување на атмосферата Copernicus (CAMS) воочи намалување на ситните честички, кои се еден од најголемите ззагадувачи на воздухот, во февруари 2020 година во однос на трите претходни години. Комбинацијата од сателитско набљудување со деталните компјутерски модели на атмосферата укажа на намалување на тие ситни честички за 20%-30% во големи делови од Кина.

- Advertisement -

Бидејќи епидемијата на корона вирусот во Кина стивна, многу провинции ги ублажија вонредните мерки, па училиштата, фабриките и други јавни простори почнуваат да се отвораат, а работниците постепено се враќаат на работа.

Со оглед на тоа дека стишувањето на епидемијата во Кина значи враќање на високите вредности на стакленички гасови кои го доведуваат во опасност животот на Кинезите, можеби треба да се замислат и да се свртат кон поздрава енергија и поздрава индустрија.

- Advertisement -

Јаглерод диоксидот е толку опасен за луѓето што може да предизвика едеми на белите дробови и да предизвика смрт со задушување. За тоа требаше Кинезите да мислат додека седеа во изолација и се плашеа од вирусот КОВИД 19.

Сподели!
- Advertisement -