Кина ја укинува забраната за движење во Вухан, од каде што почна пандемијата со корона вирусот

- Advertisement -

Кина најави дека ќе го укине карантинот во Вухан, градот кој беше епицентар на пандемијата со корона вирусот, почнувајќи од 8 април. Тоа е многу битен момент во битката со смртоносната зараза.

Ова следува после повеќе од два месеци откако градот беше буквално отсечен од остатокот од светот со цел да се спречи ширење на вирусот надвор од градот. Карантинот ќе биде укинат и во други градови во провинцијата Хубеи.

- Advertisement -

Ублажувањето на рестрикциите за патување следуваат после подолг период на мал број на нови случаи на заболени во Хубеи, а од 19 март наваму пет дена нема ниеден нов случај.

Во екот на епидемијата во Вухан имаше по илјадници нови заболени дневно. Во провинцијата има најмногу болни и починати од корона вирусот во цела Кина – 67.801 болни и 3.160 мртви.

- Advertisement -

Почнувајќи од утре жителите во Хубеи, освен жителите на Вухан, ќе можат дури и да ја напуштат провинцијата ако на своите телефони имаат зелен QR код. Хубеи на своите жители им нареди да добијат QR код во црвена, зелена или жолта боја како индикатор за нивната здравствена состојба.

Луѓето кои се дијагностицирани со корона вирусот, се сомнителни асимптоматски случаи или имаат висока температура добија црвен код. Нивните блиски контакти имаат жолт код, а луѓето кои не се во датабазата со сигурни или потенцијални преносители на заразата имаат зелен код.

- Advertisement -

Од 8 април натаму рестрикциите за патување се укинуваат и во Вухан и тие со зелен QR код ќе можат да го напуштат градот и провинцијата.

Сподели!
- Advertisement -