Норвешка најави формирање на фонд при Обединетите нации за помош на сиромашните земји во борбата со пандемијата на корона вирусот. „Загрижени сме дека вирусот ќе ги погоди кревките здравствени системи во земјите во развој“ соопшти норвешкиот министер за помош во развојот Даг Инге Улстајн.
Тој истакна дека меѓународната солидарност е побитна од кога било, „Затоа е битно економски да придонесеме за еден таков фонд ан ЕУ“ изјави Улстајн.
Норвешка очекува дека уште неделава ќе биде стартуван тој фонд, во кој ќе донираат донатори, но не е познато кои донатори и со која сума. Таа иницијатива наишла на позитивен прием кај заменик генералниот секретар на ОН, Амине Мохамед.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека се во прашање милиони животи доколку светот не покаже солидарност, особено за најсиромашните земји во светот соочени со пандемијата на корона вирусот.
Според најновите податоци, повеќе од 347.000 луѓе се заразени со корона вирусот во 192 земји во светот, а досега умреле речиси 15.000 луѓе. Од друга страна, од вирусот се излечени речиси 100.000 луѓе.