Биоразградлив флексибилен екран за смартфони направен од крлушки од риба

- Advertisement -

Научници од Универзитетот за технологија Нанџинг во Кина изгледа имале премногу слободно време во текот на карантинот, па деновиве в списанието ACS Nano ги објавија резултатите од своето истражување кое би можело да доведе до производство на флексибилни екрани за смартфони кои се биоразградливи.

Екраните се еден вид електролуминисцентни уреди на наизменична струја кои овозможуваат флексибилност на уредите за поголема прилагодливот на механички промени како свиткување и преклопување“, велат научницитеи додаваат дека веќе постојат тенки флексибилни екрани кои се користат, но имаат голем недостаток – направени се од сурова нафта, класичен необновлив извор.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека над 20 милиони тони пластика секоја година се флраат само на депонии во САД, научниците направија таков екран од желатин добиен од колагенот во рибините крлушки, кој е прилично едноставен и евтин.

Покрај тоа, за собирање на крлушките не е потребно да се фаќаат рибите затоа што се користат крлушките од рибите кои се користат за исхрана. Во зависност од видот на рибата, од 40% до 55% од нив може да се искористат за изработка на флексибилни екрани. Од желатинот добиен од крлушките се прави тенок слој на гел кој се поврзува до мрежа од наножички во улога на електроди.

- Advertisement -

Додека традиционалните електронски екрани се направени од пластика на која и се потрени најмалку стотина години да се распадне во природата, екраните добиени од крлушки од риба се целосно биоразградливи и ќе се разградата во почвата за само 24 часа. Покрај тоа, едноставно се рециклираат со потопување во топла вода.

Сподели!
- Advertisement -