Илон Маск вети дека неделава ќе обезбеди 1.200 респиратори

- Advertisement -

Пред една недела директорот на SpaceX и на Tesla, Илон Маск, се понуди да почне да произведува репсиратрои за пациентите болни од корона вирусот ако за тоа има потреба. Медициснките лица и владата го поддржаа во таа негова намера и потенцираа дека многу болници во земјата имаа недостиг од машини за дишење како што се шири пандемијата.

Затоа, инженерите на Маск се фатија за работа и по се изгледа биле доста вредни. Пред два дена Маск напиша на Twitter дека неделава ќе има готови над 1.200 респиратори, но тешкиот дел ќе биде нивната достава и поставувањето во функција.

- Advertisement -

И SpaceX и Tesla имаат доволно машинерија за да произведуваат респиратори, изјави Маск. Впрочем, секој автомобил на Tesla има систем за греење, ладење и вентилација, а инженерите на SpaceX развија и систем за одржување во живот за астронаутското такси на компанијата Crew Dragon, кое треба да ја реализира првата мисија во мај годинава.

Имајќи го тоа на ум, Маск и неговите тимови бараат совет од експерти. Маск објави дека дискутирале со компанијата Medtronic, која произведува разни медициснки уреди, за изработка на врвни респиратори. И SpaceX и Tesla работат на новите респиратори, а истото го прават и други компании како Ford и General Motors, на кои американскиот престедател Доналд Трамп им даде зелено светло да почнат да ги произведуваат.

- Advertisement -

Musk им помага на болниците да се справат со пандемијата на повеќе начини. Тој најави дека неговите компании наскоро ќе почнат да дистрибуираат 250.000 N95 заштитни маски, кои се неопходни за медицинските сестри и докторите, кои ги третираат пациентите болни од корона вирус, да бидат безбедни.

Сподели!
- Advertisement -