Шпанија вклучува роботи во борбата со корона вирусот

- Advertisement -

Шпанија во борбата со корона вирусот воведува роботи за да го зголеми обемот на тестирањето и така да ја подобри исклучително лошата ситуација во земјата. Директорката на Институтот за јавно здравје, Ракел Јоти, изјави дека владата работи на набавката на четири роботи кои би можеле да го зголемат дневниот обем на тестирања на 80.000.

Владата на Шпанија, земјата која е на второ место во Европа по бројот на заболени од епидемијата, најави дека ќе го зголеми обемот на тестирањата и со таа цел обезбедила 640.000 сетови за тестирање, а планот е да се набават вкупно 1 милион тестови.

Сподели!
- Advertisement -