Каталонија почна да прави респиратори со 3Д печатачи

- Advertisement -

Каталонија почна да произведува респиратори со помош на 3Д печатачи наменети за користење на одделите за интензивна нега. Заедничките напори на јавните и приватните институции доведе до изработка на прототипови. Се проценува капацитет за производство на 50 до 100 респиратори дневно.

Производството на респиратори започна во понеделникот, а се очекува дека до крајот на неделава ќе почне испораката до болниците. Проектот го иницираше Consorci de la Zona Franca Barcelona (CZFB) и технолошкиот центар Leitat, а учествуваа и компаниите HP, Navantia и Airbus. Тим од доктори и експерти веќе го тестираше прототипот на вештачки бели дробови. Со оглед на позитивните резултати од тестирањето, донесена е одлука за почеток на производството.

- Advertisement -

Производнито капацитет од 50 до 100 единици дневно веројатно ќе биде достигнат идната недела, иако производителите очекуваат да ги надминат тие бројки откако ќе се поврзат со повеќе компании кои се во можност да вршат монтажа на делови направени со 3Д печатач.

Респираторите се викаат Leitat 1, а дизајнот и компонентите се значително поедноставени за да се олесни производството и монтажата.

Сподели!
- Advertisement -