Македонија стана 30. земја членка на НАТО

- Advertisement -

Денеска преку нашата Амбасада во Вашингтон, во Стејт Департментот во САД беше депониран инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што, од денеска нашата земја и официјално стана триесетта членка на Алијансата. По тој повод, беше одржан видео разговор меѓу министерот за надворешни работи Никола Димитров и Филип Рикер, помошник секретар за Европа и Евро-азија во Стејт Департментот, а на кој присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнс.

Во понеделник на 30 март ќе има церемонија на која ќе се подигне македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел и во командата во Норфолк, а на 2 април Димитров ќе биде првиот наш претставник на состанок на НАТО што ќе се одржи преку видеоконференција.

- Advertisement -

„Започна пред 27 години, а заврши пред неколку секунди и ние практично од денес сме 30. земја членка на НАТО“, рече Димитров.

Членството во НАТО, додаде Димитров, се случува во период кога светот се соочува со Ковид -19. што е најголемиот предизвик од Втората светска војна и оти „затоа имаме една ваква поскромна церемонија, но тоа не го намалува историското значење на овој мемент“.

- Advertisement -

„Коронавирусот нема национална припадност, што е причина повеќе да работиме заедно, солидарно за што поуспешно да се справиме со него. Од денес ги имаме САД како наш партнер и уште 29 земји членки и никогаш веќе нема да бидеме сами“, порача Димитров.

Амбасадроката на САД, Кејт Брнс, рече дека е исклучително горда и среќна што во името на САД ни посакува добредојде.

- Advertisement -

„Ова е историска недела за вашата држава. Не само што станавте 30. земја членка на НАТО, туку и ќе ги започнете и преговорите со Европската унија. Ја поддржуваме вашата одлучност и визија за иднината. Ќе бидеме рамо до рамо со вас додека влегувате во новата поглавје“, рече Брнс.

Сподели!
- Advertisement -