Во оваа исклучителна ситуација во која се наоѓа светот денес словачкиот парламент во средата одобри измена на закон со кој на државата и се овозможува пристап до заштитените податоци за мобилните телефони на граѓаните во текот на пандемијата со корона вирусот.
Донесениот амандман на државните здравствени власти им овозможува употреба на податоците за локацијата на мобилните телефони за следење на движењето и среќавањето со други луѓе на заболените од корона вирусот. Целта на овој закон е да се провери дали се кршат прописите за време на карантинот.
Ако некоја личност е позитивно тестирана на КОВИД 19, новите мерки би ги предупредиле луѓето со кои доаѓа во контакт. После протестирањето на социјалдемократската партија во земјата, отфрлен е предлогот да се следат и телефонските повици и СМС пораките, па ќе се користат само податоците за локацијата. Мерките се ограничени на времетраењето на кризата поради корона вирусот.