Новак Ѓоковиќ донира 1 милион евра за респиратори и медицинска опрема

- Advertisement -


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, соопшти дека преку фондацијата „Новаќ Ѓоковиќ“ ќе донира респиратори и медицинска опрема во вредност од 1 милион евра.

„Респираторите моментално се најнеопходна медицинска опрема за спасување животи“ изјави Ѓоковиќ и додаде дека респираторите ќе ги набави од Кина, а одредена бројка и од Германија.

- Advertisement -

Тој најави и понатамошна помош преку фондацијата. Јелена Ѓоковиќ, неговата сопруга, која е и соосновач на фондацијата, изјаци дека респираторите се најнеопходна опрема, но и дека сега сите навалија на производителите на респиратори.

„Ги нема доволно. Цената е од 10.000 до 50.000 и прашање е дали тоа ќе биде крајната цена“ изјави таа и додаде дека се воделе по критериумите да биде опремата квалитетна и да може во краток рок да стигне во Србија.

Новак Ѓоковиќ истакна дека и се заблагодарува на Кина што несебично и помогна на Србија.

- Advertisement -

„Секогаш ни се наоѓале во разни неприлики низ историјата. Нивната помош многу ни значи не само во вид на опрема, туку и во форма на стручност“ додаде тој.

Сподели!
- Advertisement -