Детскиот културен центар “Карпош” oрганизира онлајн Априлијада

- Advertisement -

Детскиот културен центар “Карпош” најавува дека и во услови на пандемија, нема да дозволи најмладите да останат без прослава на најшарениот и најразиграниот ден во годината. Имено, на 1-ви април со почеток од 12 часот на фејсбук-страницата на “ДКЦ Карпош’ ќе се одржи пренос во живо на градската априлијада, со цел децата да можат да бидат дел од неа и да не ги запостават своите грижливо избрани маски.

“Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, за прв пат на несекојдневен начин ја организираме априлијадата. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов”, се вели во соопштението на ДКЦ Карпош.

Сподели!
- Advertisement -