По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина. Со ова темпо, ќе се оствари бројката од 6.000 маски до крајот на наредната работна недела. Во меѓувреме тимот за печатење работи и на нови нешта кои би можеле да им се најдат на медицинските работници. Се изработија и првите заштитни кутии за интубација.
Во петокот беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, ЈЗУ Педијатрија, ЈЗУ УГАК, ЈЗУ Микробиологија, ЈЗУ КАРИЛ, ЈЗУ Ендокринологија, ЈЗУ Токсикологија, ЈЗУ Офтамологија, ЈЗУ Нефрологија, ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Ревматологија, ЈЗУ Максилофацијална хирургија, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Детска хирургија, ЈЗУ Клиника Штип, ЈЗУ Геронтолошки завод, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Зравствен Дом Куманово, ЈЗУ Општа Болница Охрид, ЈЗУ Костозглобна Охрид, ЈЗУ Кардиолошки центар Охрид, ЈЗУ Итна Медицинска Помош.
Во текот на вчерашниот ден беа доставени 165 маски до следниве институции: ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Куманово, ЈЗУ Општа Болница Куманово, ЈЗУ Итна Медицинска Помош Охрид, ЈЗУ Инфективен стационар, ЈЗУ Хируршка амбуланта Охрид.
Со оглед на големата важност од имање на ваков тип на заштитна маска која може да се стерилизира со ладна стерилизација, секојдневно ќе ги испраќаме институциите каде се доставени истите. Со оглед дека на дневна основа добиваме информации дека вакви или слични маски можат да се најдат во индиректна продажба, да потсетиме, сите овие мaски се донацација и гореспоменатите институции ги добиваат бесплатно, дезинфицирани по соодветен протокол.