ЕУ oдвои четири милиони евра итна помош за Македонија!

- Advertisement -

Европската Комисија донесе одлука за финансиска помош на земјите од Западен Балкан. 38 милиони евра директна помош за медицинска опрема ќе бидат наменети за набавка на респиратори, заштитна медицинска опрема и лабораториски комплети.

Македонија ќе добие 4 милиони евра, а најмногу се доделени на Србија, 15 миони евра. Албанија ќе добие исто така 4 милиони евра, Босна и Херцеговина 7, Црна Гора 3 и Косово 5 милиони евра.

- Advertisement -

374 милиони евра ќе бидат префрлени на 6 земји од Западен Балкан за економско опоравување поради последиците од епидемијата прогласена поради КОВИД 19.

Овие пари земјите ќе треба да ги употребат за јакнење на здравствениот систем и за помош на малите и средни претпријатија од приватниот сектор, како и за социјална помош на најранливите категории граѓани.

Сподели!
- Advertisement -