Арсовска: Итно да им се помогне на микропретпријатијата, зашто нема да останат компании кои ќе го полнат буџетот

- Advertisement -

Данела Арсовска, претседател на Сојузот на Стопански комори, во вечерашната Топ Тема на Телма телевизија, истакна дека сетот на мерки треба да се подобри! Неодложно е да се помогне на компаниите, веднаш, итно, сега, затоа што нема да останат компании кои ќе генерираат средства во буџетот.

Мора да се знае доколку сега, веднаш неодложно не им се помогне на компаниите, нема да останат компании коишто понатаму ќе генерираат средства во буџетот, па ќе нема ни кој да ги враќа тие средства, истакна Арсовска.

- Advertisement -

-Треба да им се помогне на оние на кој што најмногу им е потребно, ова сега што е донесено како сет на мерки да се подобри во однос на пристапот до финсиските средства коишто треба да ги добијат компаниите, да се олесни пристапот за микро малите претпријатија. Веруваме дека големите компании ќе најдат, но микро малите компании,претприемачите, самовработените, односно сите оние коишто имаа проблеми да си обезбедат до сега егзистенција сега нивните работни места се доведени до прашање, вели Арсовска

Арсовска посочи дека во сетот мерки требаше да има потполна конкретна мерка што ќе се аплицира на сите, како што предложиле минималната плата, со вклучени придонеси за наредните два, три месеци.

- Advertisement -

-Не е коректно некој којшто сега ќе остане без работа, да остане на 7.000 денари без здравствено, социјално, а да има лица коишто ќе земаат повеќе од просечна или минимална плата во јавниот сектор, посочи Арсовска.

Таа вели нешто за кое што апелираше и ММФ уште пред два, три месеци е да се донесат мерки ургентно, итно, сега, веднаш за да не настанат уште поголеми штети за економиите. Капацитетите кај микро претпријатијата се најважни тие бараат да им помогне сега за да може да вратат за неколку месеци од сега.

- Advertisement -

Премиерот Оливер Спасовски контра Арсовска рече дека овие мерки се баш за да им се помогне на микропретпријатијата и ако има потреба понатаму ќе се донесат дополнителни мерки.

Сподели!
- Advertisement -