Со покривање на минималната плата за работниците ќе се зачуваат 250.000 работни места

- Advertisement -

Владата со уредба која веднаш стапува во сила донесе сет економски мерки за помош на компаниите.

„14.500 денари месечно за април и мај за секој вработен и од секоја фирма загрозена од кризата. Тоа се вкупно 29.000 денари по вработен за два месеци за зачувување на работните места за 250.000 вработени“, истакна Оливер Спасовски.

- Advertisement -

Ова значи дека ако работникот бил ангажиран за цело работно време ќе добие 14.500 денари, а скратено ќе добие сразмерен износ. Работодавците ќе може да аплицираат преку електронскиот систем на УЈП.

Спасовски вели дека по завршувањето на кризата ќе треба да се продолжи со работа и тоа треба да го разберат работодавците, апелира да не се потпишуваат подметнати договри за спогодбено раскинување.

- Advertisement -

„Се што е спотивно на закон, се што им се нуди или подметнува во овој момент дека спогодбено ќе ги раскинуваат работните односи, да не го прават тоа, бидејќи фирмите ќе добијат поддршка и работниците ќе останат на работа и тоа е многу важно  за сите нас“, посочи Спасовски.

Премиерот апелира да се гледа здравјето, а не профитот кој требало да го остварат компаниите.

- Advertisement -

„Некој сега ќе рече, ама постојат и големи комапнии во делот на хотелиерството кои пшто навистина тоа не можат да го направат. Тоа не е точно. Тие кои се големи и тие кои имаат големи профити и заработки сега е моментот да дадат еден дел од својот профил и да го покријат тоа што треба да го покријат. Државата е солидарна, државата помага на економијата, треба да помогнат и тие самите“, порача Спасовски.

Како алтернатива на овие мерка, компаниите може да изберат можност за покривање 50 отсто од придонесите на платите на вработените. Тоа е субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во време на вонредна состојба.

Сподели!
- Advertisement -