Опра Винфри и помага на Амрика во борбата со пандемијата, чие жариште изгледа се пресели во САД. ТВ водителката најави дека ќе донира 10 милиони долари за поддршка на луѓето и градовите пирум САД.
„Донирам 10 милиони долари за да им помогнам на Американците во време на оваа пандемија во градовите ширум САД и во областите каде што јас израснав. За повеќе информации за тој фонд гледајте ја емисијата Oprah Talks COVID-19 нa AppleTV+“ напиша Опра на Twitter.
Опра изјави дека 1 милион долари ќе донира на фондот на Леонардо Дикаприо, America’s Food Fund, чија цел е да се обезбеди храна за сите. Фондот го основаше Дикаприо заедно со сопругата на Стив Џобс, Лорен Пауел Џобс, Apple и Ford Foundation.
„Верувам дека America’s Food Fund ќе биде моќен начин да се направи разлика во животите на соседите кои имаат потреба. Затоа донирам 1 милион долари за фондот да ги поддржат тие кои немаат доволно храна. Се зачудив што се тие организации прават за луѓето и иако приоритет на сите сега е да се седи дома и да се биде безбеден, знам дека многумина од нас бараат начини да помогнат“ напиша Опра во твитот.
Освен нејзината донација од 10 милиони долари, Опра им помага на луѓето да се справат со паднемијата преку својата информативна емисија за корона вирусот Oprah Talks COVID-19.