Илјада заштитни маски на ден се изработуваат од екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема на 3-Д принтери. Со тоа, велат тие, се сѐ поблиску до целта да се изработат и дистрибуираат најмалку 6.000 заштитни маски со визири до крајот на неделата.
Во понеделникот беа доставени околу 925 заштитни маски со визири во голем број јавно-здрaвствени установи низ земјава, меѓу кои во Берово, Виница, Пехчево и Ростуше, како и во болници и клиники во Скопје. Дополнително се предадени 10 заштитни маски со визири на Пазарна инспекција. До денеска се дистрибуирани повеќе од 3.000 вакви маски.
- 500 МАСКИ ИСПЕЧАТЕНИ СО 3-Д ПРИНТЕРИ ДОСТАВЕНИ ВО ГОЛЕМ БРОЈ КЛИНИКИ, ТИМОТ НАЈАВУВА 6 ИЛЈАДИ ПАРЧИЊА
- 315 МАСКИ СО ВИЗИРИ ИСПЕЧАТЕНИ НА 3-Д ПРИНТЕР ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ БОЛНИЦИ, СЕ РАБОТАТ И ВО КУМАНОВО, БИТОЛА, ОХРИД И ПРИЛЕП
- ДОКТОРИ И ДИЗАЈНЕРИ НАПРАВИЈА МАСКИ СО 3-Д ПРИНТЕРИ И БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ДАДАТ НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“
Покрај готови маски, низ државата е испратен е материјал за работа до сите помали производствени групи, а од денеска ќе им се делат заштитни маски и на матичните лекари, според нивни барања.