МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки поради коронавирусот

- Advertisement -

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се` до истекот на траење на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19.

„Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19“, соопштија од МТСП.

- Advertisement -

Од Министерството додаваат и дека продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, посочувајќи дека заштитата на мајчинството е примарно и дека нема алтернатива за грижата за здравјето и безбедноста на мајките и децата.

Сподели!
- Advertisement -