Русија наскоро може да почне со клинички тестирања на вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Тестирањето на прототип на вакцина за новиот корона вирус врз животни би можело да заврши на крајот на април, а испитувањето на луѓе може да започне во јуни годинава, велат од Државниот виролошки и биотехнички центар во Русија.

Според центарот, завршила фазата на тестирање на вакцината на глувци и на ласици, а наското треба за започне тестирањето на пониски видови на примати.

- Advertisement -

Планираме да завршиме со испитувањата врз животни на крајот на април. Тогаш ќе преминеме на претклинички тестирања кои вклучуваат луѓе, а клиничките испитувања на луѓе може да започнат во јуни“ велат оттаму.

Додаваат и дека моментално се работи на 26 видови вакцини, од кои само најдобрите опции ќе се вклучат во претклиничките испитувања. Ако ги одобри Министерството за здравство, ќе почне со тестирање на луѓе. Велат дека тестирањето на луѓе е прилично тешка и долготрајна фаза. Постои опција за тестирање на волонтери, но засега работат на традиционален начин.

Сподели!
- Advertisement -