Facebook направи апликација посебно наменета за парови

- Advertisement -

Facebook понуди нова апликација која е посебно дизајнирана за парови. Апликацијата се вика Tuned и ја дизајнираше тимот New Product Experimentation, а ги поттикнува паровите да го споделуваат своето расположение, да разменуваат музика и да креираат дигитални споменари. Од Facebook велат дека оваа апликација е приватен простор за двајца поврзани луѓе.

Tuned е поврзана со Spotify поради споделувањето музика, а паровите меѓусебно можат да разменуваат фотографии, пораки, картички и гласовни пораки, додека на располагање имаат и стикери и реакции. Апликацијата е целосно бесплатна за користење и оние кои сакаат да ја користат не мора да имаат профил на Facebook, но мора да ги почитуваат правилата на социјалната мрежа. Тоа значи дека нивните податоци може да се користат за таргетирање со реклами.

- Advertisement -

Генерално, апликацијата не изгледа многу поинаку од останатите социјални мрежи на кои луѓето можат директно да комуницираат едни со други. Tuned засега е достапна само за уреди кои работат на оперативниот систем iOS.

Сподели!
- Advertisement -