Годинава Startup Weekend ќе се одржи онлајн од 24 до 26 април

- Advertisement -

Startup Weekend е настан поддржан од Google и досега успешно се организирани повеќе од 2.900 настани низ 150 земји во светот. Младите кои учествуваат добиваат можност за вмрежување, стекнување нови знаења и секако, основање на стартап компанија во Македонија.

Со оглед на актуелната ситуација со вирусот Covid-19, глобалната заедница на Startup Weekend ги повика сите организатори да го реализираат првиот Online Startup Weekend Covid-19 edition во своите држави, каде што учесниците ќе работат виртуелно (од дома) со своите тимови на идеи кои ќе помогнат со справување со вирусот Covid-19. Учеството е бесплатно за сите и бројот на учесници е неограничен.

- Advertisement -

Тимот од Македонија одлучи да се приклучи на оваа глобална иницијатива и ќе го оддржи првиот Online Startup Weekend Skopje од 24ти до 26ти април.

Со цел да допреме до поголема публика и да ги информираме луѓето дека ќе се оддржи ваков настан, и овојпат потребна ни е помош и поддршка од медиумите, кои ќе споделат корисни информации за настанот.

- Advertisement -

Би биле многу среќни и благодарни доколку се приклучите на оваа иницијатива и ни помогнете да допреме до поголема публика.

Повеќе информации за настанот можете да видите на нашата ВЕБ СТРАНА или FB page

Сподели!
- Advertisement -