Шведска и понатаму цврсто стои на својот некарантински пристап кон пандемијата на корона вирусот

- Advertisement -

Насмеани мажи и жени по рестораните, пријатели кои се дружат во градските паркови – така изгледа шведскиот пристап кон пандемијата на корона вирусот и е единствен таков во Европа. Оваа скандинавска земја подигна многу прашина со својот начин на справување со глобалната здравствена грижа, додека владата ја применува стратегијата за ублажување на заразата така што ќе дозволи вирусот полека да се прошири без да се оптовари здравствениот систем.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен ги повика жителите да се однесуваат како возрасни и да не шират паника, ниту гласини. Но, бројот на новозаболени во вторникот во земјата за еден ден се зголеми за 100 лица и го зголеми стравот кај луѓето дека заразата заврзано се шири.

- Advertisement -

Властите изминатите недели беа мета на интернационални и национални критики дека ги загрозуваат животите на луѓето со тоа што не преземаат строги мерки за заштита.

Едно истражување објавено во медицинскиот весник The Lancet покажа дека забавената иницијална реакција кај земји како Обединетото Кралство, САД и Шведска сега во никој случај не е примена со одобрение од народот.

- Advertisement -

Обединетото Кралство се откажа од тој лабав пристап во справување со кризата кој го имаше на почетокот на пандемијата. Во саботата шведските власти изјавија дека владата бара поголеми овластувања за да воведе карантин, но здравствените власти на прес конференција два дена подоцна не воведоа никакви дополнителни рестрикции.

Шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел посочи дека ширењето на инфекцијата кај постарите жители на Шведска е најголемиот проблем и додаде дека кога разговара со неговите нордиски колеги, тие го немаат тој проблем.

- Advertisement -

Здравствените власти на Шведска како посебно ризична група за КОВИД 19 ги идентификуваат луѓето постари од 70 години, како и тие со други хронични заболувања. Но, властите додаваат дека бидејќи вирусот е нов, не знаат доволно за да можат со сигурност да тврдат кои групи се најранлива категорија.

Светската здравствена организација препорачува низа мерки за земјите за справување со пандемијата на корона вирусот. Тие вклучуваат тестирање, самоизолација, изолација на заразените и квалитетна болничка грижа за тие кои имаат потреба.

„Секоја земја одлучува какви мерки ќе преземе врз основа на индивидуалната ситуација и на различните фази од заразата. Овие одлуки мора да земат предвид многу фактори како ресурси и капацитети, како и инволвираноста и довербата на заедницата“, велат од Светската здравствена организација.

Шведска, за разлика од многу соседни Европски земји, нема воведено карантин. Наместо тоа, владата ги повика граѓаните да бидат одговорни и да ги следат препораките на здравствените власти.

На луѓето над 70 години и на други категории кои се потенцијално ризични им се препорачува да седат дома, а средните училишта и универзитетите се затворени од средината на март и од нив се бара да понудат онлајн настава.

Властите постојано повторуваат дека луѓето кои имаат симптоми на вирусот треба да се самоизолираат. Меѓу најстрогите мерки досега се забраната за групирање на повеќе од 50 луѓе и забраната за посети на пензионерски домови.

Владата се фокусира на ограничување на ширењето на заразата кај постарите луѓе. Земјата не сака генерален карантин затоа што така ќе изгубат од 20% до 25% од здравствените работници, кои се неопходни. Многу луѓе кои живеат во други земји се вратија назад во Шведска за да водат колку-толку нормален живот.

Засега во земјата околу 700 луѓе починаа од корона вирусот, а има околу 8.500 потврдени случаи на заразени. Сепак, бројот на дијагностицирани случаи може да се само мал процент на вистинската бројка на инфицирани затоа што во Шведска се тестираат само сериозните случаи и здравствените работници.

Сподели!
- Advertisement -